Лозано доби благодарница за 1000 години од Бигорскиот Манастир

18.10.2020 се одбележаа 1000 години од основањето на манастирот “Св. Јован Бигорски”. Целиот настан се одвиваше во строги протоколи за заштита од Ковид -19, со заштитни маски и на дистанца. Оние кои сакаа да бидат дел од настанот можеа да го следат преку фејсбук-профилот на манастирот. Меѓу присутните на церемонијата со која се одбележа овој значен ден за манастирот беше и Влатко Лозаноски, заедно со колегите, браќата Стефан и Мартин од „Некст тајм“ и Димитар Андоновски, кои добија благодарница од манастирот за нивно залагање. Манастирот е основан во чест на Свети Јован Крстител и од своето создавање до денес е Божји храм кој претставува духовно светилиште на сите православни христијани. Превземено од reporter.mk